Борозан: Ќе мора да паузирам три недели
Ракометарот на европскиот првак Вардар и црногорски репрезентативец Вуко Борозан по вчерашната сообраќајна несреќа за црногорските медиуми изјави дека неговата здравствена состојба е подобрена.
– Денеска е многу подобро, но ќе мора да паузирам три недели, а за потоа ќе видиме, изјави Борозан.
Неизвесен е неговиот настап на Европското првенство во Хрватска, а селекцијата на Црна Гора е еден од ривалите на Македонија во групата. Во овој момент прогнозите за неговото враќање на терен се неизвесни.
Борозан 2017 година ја одигра во одлична форма со Вардар освои вкупно четири титули, меѓу кои најзначајната е европски првак. Со селекцијата на Црна Гора имаше одлични настапи и избори пласман на Европското првенство во Хрватска и пред неколку дена беше прогласен за спортист на Црна Гора за 2017 година.