„Блумберг“: Во Москва сакаат да го сменат Путин по примерот на Казахстан и Назарбаев

Во Москва забрзано се разгледува смена на власта како што тоа беше реализирано во Казахстан, јави „Блумберг“, повикувајќи се на тврдење на поранешниот член на Администрацијата на рускиот претседателот Владимир Путин, Андреј Кољадин.

Кољадин тврди дека руската елита се согласува со варијанта Путин да остане да владее од позадина, откако неговиот наследник ќе ја преземе претседателската должност.

Казахстанскиот претседател Нурсалтан Назарбаев во вторникот поднесе оставка и функцијата ми ја препушти на негов доверлив соработник Хашим-Жомрат Толаев, но ја задржува клучната позиција во власта како шеф на Советот за безбедност на Казахстан и сенационален лидер.

„Блумберг“ од друг извор дознава дека дел од владејачката елита на Русија настојува Путин да остане доживотен претседател. За тоа бил разгледуван друг проект, кој би значел да се убеди Белорусија за поцврста интеграција со Русија и создавање на нова држава. Според поддржувачите на оваа идеја, со тоа би се избегнале уставните ограничувања на претседателскиот мандат, што во Русија сега изнесуваат шест години.

Во овој контекст се гледа и на неодамнешната изјава на спикерот на руската Дума, Вјачеслав Володин, за изведување на уставни измени.

Според некои руски социолози, ако Путин замине од власт без подготвено сценарио за наследник, „се ќе заврши лошо“ и „сите меѓу себе ќе почнат да се душат“.

Други политиколози се повикуваат на сценарио кога клучните претседателски надлежности Путин би му ги предал на Советот за безбедност или на консултативниот Државен совет, органи што тој сега ги предводи, а откако ќе го напушти Кремљ ќе ги користи да врши влијание во власта.

Сепак тие сметаат дека за разлика од Казахстан, конфронтираните елити во Русија би можеле да престанат „да ја ценат власта на Путин, кога тој повеќе нема да биде претседател“.