БиХ распиша и награда за информации за фаќање на серискиот убиец

Речиси една седмица полицијата во Босна и Херцеговина трага по сериски убиец кој уби тројца луѓе, меѓу кои и полицаец, а денеска распиша и награда за информации кои ќе доведат до негово апсење.
Владата на кантонот Сараево на денешната седница донесе одлука дека распишува награда во износ од 50.000 КМ (околу 25.000 евра) за тој што ќе донесе информации кои ќе доведат до апсење на убиецот Един Гачиќ.
Тој, пред осум дена го уби Сауд Султаниќ во неговата продавница и избега. Потрагата не даде резултати, а во меѓувреме убиецот стори уште едно злодело кога го уби полицаецот Махир Бегиќ кој беше на должност. Гациќ се сомничи и дека си ја убил својата мајка.
Надлежните повикуваат граѓаните да не ја сфатат наградата како повик самите да спроведуваат истрага.
Полицијата и ноќеска активно вршеше потрага по повеќекратниот убие. Потрагата никако да вроди со успех, иако полицијата добива мноштво дојави.
Убиецот Гачиќ се уште се крие. Врз основа на првобитните информации Гациќ се движи покрај железничка пруга, но остава малку траги зад себе.
На сараевската полиција напомош и стигнаа и 130 полицајци од други кантони.