Бизнис форум на македонски и бугарски компании


Во Скопје денеска на иницијатива на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на министри на Бугарија, Томислав Дончев ќе се одржи бизнис форум на кој ќе учествуваат македонски и бугарски компании.

На форумот насловен „МК-БГ 2019“, најавени се обраќања на македонскиот и бугарскиот вицепремиер, како и на македонскиот министер за економија Крешник Бектеши и бугарскиот заменик-министер за економија Александар Манолев.

Се очекува присуство на претставници од шеесетина компании од Бугарија и голем број претставници на македонски компании. Компаниите од двете земји ќе имаат можност да оствaрат меѓусебни средби со цел интензивирање на меѓусебните бизнис односи.

Бизнис форумот е прв по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во 2017 година.