Беласица во Првата лига по 12 години
Екипата на Беласица денеска го завери враќањето во првата македонска лига по повеќе од една деценија, откако го совлада Кожув со убедливи 6:0. Со оваа победa струмичкиот тим и официјално се промовира како нов прволигаш во следната сезона.
Струмичани од 2006 година чекаа повторно да се вратат во елитното друштво, а годинава тоа им успеа по силната сезона во Втората лига – Исток, во која речиси и немаше вистински конкурент во трката за директниот пласман.
Утре ќе се игра дерби натпреварот меѓу Брегалница и Борец, кој е директна борба за второто место на табелата. Борец има еден бод предност пред Брегалница во трката за втората позиција.