Бекер: Не се чувствувам Германец, сакам да бидам погребан на Вимблдон


Борис Бекер, кој денеска го слави 50 роденден, со интересна изјава за британските медиуми. Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ јавно истакна дека не се чувствува како Германец и дека не сака да се враќа во земјата во која е роден.

„Имам германски пасош, но не се чувствувам како Германец. Веројатно никогаш нема да се вратам во земјата во која сум роден. Би сакал да бидам погребан на Вимблдон. Лондон е мојот дом“, нагласи Бекер во разговор за британски „Метро“.

Приликата ја искористи да демантира дека е банкрот без притоа да навлегува во детаљи.

Светскиот рекет број еден од минатото освои вкупно 49 титули во кариерата во поединечна конкуренција. Во богатата колекција на трофеи и три од Вимблдон од 1985 година, од 1986 година и од 1989 година.