Бекамови во „Вог“: Ние сме среќно семејство


Англија- Таканареченото „второ кралско семејство“, семејството Бекам, ја красат насловната страница на октомвриското издание на британскиот „Вог тин“, а фотосесијата е направена и за внатрешниот едиторијал, проследен со разговор.

Шестчленото семејство ги покажуваат своите индивидуални карактеристики, модните вкусови и стиловите, додека позираат на отворено.

На друга фотографија – Харпер (7), Круз Дејвид (13), Ромео Џејмс (16) и Бруклин Џозеф (19) се ангажирани во игра со пиштоли на вода, додека нивните родители седат на тревата.

Дејвид и Викторија по долг период се појавуваат заедно на насловна страница, и воопшто во еден едиторијал, а во последните месеци медиумите шпекулираа за статусот на нивната врска. Двојката ги негираше информациите за развод во јуни, објавувајќи и дека „луѓето измислуваат работи за нивната врска веќе полни дваесет години“.