Баша од Брисел за демострантите: Време е криминалната клика со владата да се разурнат од темел!

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократската партија, која ја предводи обединетата опозиција, Љуљзим Баша, кој не присуствува на денешниот протест, од Брисел преку Фејсбук упати порака до сите учесници на собирот.

Баша во пораката наведува дека нивната кауза е праведна и оти тие се борат за власт ослободена од криминал.

– Се бориме за праведна кауза, за влада ослободена од криминал и слободни избори. Време е криминалната клика со владата да се разурнат од темел! Албанија како Европа!, пишува Баша.

Инаку, Баша се наоѓа во Брисел, када учествува на политичкото Собрание на Европската народна партија.

Во меѓувреме пред Парламентот во Тирана се уште е тензично. Полицијата беше принудена да употреби водени топови при обид на дел од учеснците на протстот да влезат во Парламентот од спореден влез на законодавниот дом. Исто така, имаше повторно обиди за пробивање на полицискиот кордон пред влезот во зградата.