Апелација ја укина пресудата за Богоевски за тужбата од Ахмети и Џафери

Скопскиот Апелационен суд донел решение со кое ја укинал пресудата што за изречена клевета, а по поднесени тужби од  лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот вице-премиер Муса Џафери, му беше изречена на разузнавачот Слободан Богоевски.

Согласно со донесената одлука, предметот повторно се враќа во Основниот суд Скопје 2 – Скопје кој, пак, ќе треба да решава во склад со препораките на повисокиот суд. Случајот со наводната клевета на луѓе од самата врхушка на ДУИ го следат контроверзи од самиот почеток, односно од моментот кога Богоевски обвини дека Ахмети и Џафери се дел од коруптивен скандал кој се поврзува со водечките луѓе на „Маѓар телеком“ и со Димитрис Кондоминас , односно дека овиде двајцата примиле по 2,5 милиони евра, а дека истата сума, наводно, му бил исплатена и на тогашниот премиер Владо Бучковски, но и на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Целиот текст на правосудство.мк