Амди Бајрам: Ромите ќе гласаат на референдумот

По завршувањето на средбата на лидерите на политичките партии кои го поддржуваат референдумот, за ТВ 21 Амди Бајрам изјави дека веќе имаат направено анализа и знаат како ќе ги мотивираат роми да излезат и гласаат на референдумот.
„Се знае, ние сме за Македонија и така ќе останеме. Имаме направено анализа и сигурни сме дека преку 90% ќе излезат да гласаат“, рече Амди Бајрам.