Албанските актери го спасуваат од уривање Националниот театар во Тирана

Група албански актери денеска писмено побараа од претседателот на Албанија, Илир Мета да не го потпишува законот за уривање на Националиот театар, откако неодамна имаа и средба со него.

Во писмото се наведува дека „судбината на тетарот е во негови раце“ и оти треба да го врати законот назад на повторно разгледување.

– Одговорноста паѓа врз вас и вашата одлука е пресудна. Вие требаше да бидете претпоследен филтер во овој процес. Но, бидејќи не постои Уставниот суд, Вие сте последен филтер. Вратете го законот на повторно разгледување, бараат албанските актери во писмото.

Тие не може да побараат преиспитување на уставноста на законот, поради нефункционирањето на Уставниот суд. Судот не функиционира откако повеќемина негови судии не го минаа процесот на прочистување на правосудните институции и полицијата во Албанија од корумпирани лица или лица кои биле или се дел од криминални структури.

Деновиве со идентично барање до претседателот Мета се обратија и повеќе граѓански организации и асоциацијата за заштита на тетарот, а тие поддршка добија и од албанската здружена опозиција.

Законот беше усвоен од страна на албанскиот Парламент со 75 гласови „за“ и без присуство на опозицијата, но благодрание на гласовите на двајцата пратеници од Партијата за правда и национално единство и на пратеникот Роберт Битри, кој неодмана го напушти опозициското Социјалистичко движење за интеграција.

Мета деновиве најави дека ќе се придржува на одговорностите кои ги има како претседател.

– Ви гарантирам дека за секоја одлука што ќе ја донесам,нема да потклекнам пред никаков надворешен фактор. Ќе делувам во рамките кои ги имам како претседател, рече Мета.

Националниот театар се смета за еден од најубавите и најзначајните објекти по кој е препознатлив албанскиот главен град. Тој е дело на италијанскиот архитекст Џулио Берте, кој почнал да го гради во 1938 година на барање на албанското кралско семејство, а бил завршен следната година.

Целиот комплекс „Национален театар“ oпфаќа површина од 13.000 метри квадратни, а освен театарот, вклучува и бибиолтека, центар на преведувачи и информативен центар.

Владата на тоа место планира да изгради неколку повеќекатници, а објектот на новиот театар треба да се гради на друга локација.