Албанската полиција нема сознанија дека снимките за бегството на Груевски се избршани

Генералниот директор на албанската полиција Арди Велиу одби да одговори на интересот на албанските новинари во врска со изјавата на македонскиот државен јавен обвинител Љубомир Јовевски дека албаските власти не ги доставиле снимките од камерите за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и оти тие наводно се избришани.

– Предмет на прес-конференцијата не е тоа прашање. Ние немаме информации за ова прашање, изјавил Велиу, пренесе тиранската телевизија Ора њуз.

Прес-конференцијата одржана во Тирана беше посветена на големата акција во која беа уапсени 32 лица меѓу нив и полициски службеник, кои се занимавале со недозволена трговија со луѓе од Албанија кон западно-европските земји и САД.

Телевизијата потсетува и на изјавата на обвинителот Јовевски дека „снимките не биле намерно скриени туку албанскиот систем за надзор ги отфрлил автоматски старите снимки“.

Само два дна пред изјавата на Јовевски, албанските медиуми објавија дека албанските власти на своите колеги во Скопје ќе им ги достават снимките од бегстсвото кои се обезбедни од сигурносните камери на грачните премини во кои е „снимен и моментот кога Груевски влегува во автомобил и ја минува границата меѓу Македонија и Албанија“ .

На 15 ноември албанската полиција соопшти дека на 11 ноември 2018 година во 19:11 часот Груевски излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A, сопственост на Амбасадата на Унгарија во Тирана.

Сепак, ниту тогаш, а ниту денес нема одговор каде Груевски ја минал македонско-албанската граница, освен шпекулациите дека тоа го направил преку официјалниот премин „Блато“ кај Дебар или нелегален премин во негова близина.

Инаку, медумите, без исклучок, отстапуваат простор и за интервјуто на Груевски дадено за телевизија Сител.