Албанија: Уапсени Американци, барани за производство и продажба на синтетичка дрога

Албанската полиција уапси двајца државјани на САД барани со меѓународна потерница за производство и продажба на синтетичка дрога.

– Успешно е финализирана меѓународната полициска акција „Синтетика“ во соработка со американските агенции за спроведување на законот, албанската државна полиција, обвинителството за тешки кривични дела и американската агенција ДЕА. Уапсени се двајца американски државјани кои се засолниле во Албанија,каде сакале да почнат со производство на синтетичка дрога. Станува збор за  Винсент (Доминик) Де Каро (29), Арбер Исаку (29), и двајцата родени во Њујорк каде и живееле ,- стои во соопштението на албанската полиција.

Лицата,кои албанската полиција ги следела повеќе од еден месец,  се уапсени на преминот Морина, на албанско косовската граница, во обид да заминат од Албанија.

Во соопштението уште се наведува дека уапсените биле под истрага од ДЕА една година, дека во Тирана создале база и се подготвувале за почнат со производство на синтетеичка дрога.

При контрола на објектот полицијата запленила средства  и прекурзори кои служеле за подготовка на синтетичка дрога ,како и повеќе електронски апарати.

Во интерес на истргата полицијата не соопштува повеќе детали.