Албанија го осуди и бара истрага за говорот на омраза

Министерството за Европа и за надворешни работи на Албанија денеска го осуди говорот на омраза кон Албанците, во графит „Смрт за шиптари“ на јавен простор во Битола и побара од македонските власти да го истражат случајот.

-Министерството за Европа и за надворешни работи на Република Албанија изразува жалење и го осудува говорот на омраза кон Албанците изразен во натписи на јавен простор во Битола. Не е прв пат Битола, градот на историскиот конгрес за албанскиот јазик, намерно и неприфатливо да биде соочен со акти чија намера е да се предизвика омраза, нарушување и тензии помеѓу заедниците – се наведува во соопштението на албанското министерство за Европа и надворешни работи.