Автомобил удри четиригодишно дете: Тешко повредено пренесо на клиника во Скопје


Четиригодишно дете е тешко повредено синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје откако во него удрило патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Р. (59) од Скопје.

Од ударот, како што соопшти МВР, момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ –Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.