Автомобил удрил шестгодишно дете – со тешки повреди пренесено на клиника

Шестгодишно момче се здобило со тешки повреди откако било удрено вчера од автомобил во с. Долно Свиларе.

МВР соопшти дека вчера во 15:20 часот во с. Кондово, скопско, патничко возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(54) од с.Долно Свиларе, удрило во шестгодишно момче од Глумово.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено на Детска клиника при комплексот клиники „МајкаТереза“.

Извршен е увид на местото на настанот.