Автомобил излета кај Тетово, загина едно лице

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Тетово-село Радиовце.

Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-село Радиовце, Н.И.(52) од село Милетино, управувајки патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво. Од здобиените повреди Н.И. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местотo извршил Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција