Авион со 256 патници принудно слета во Нова Каледонија, нема повредени

Авион  со 256 патници принудно слета на француската тихоокеанска територија Нова Каледонија.

Авионот, од типот Боинг 787-900, летал од Мелбурн до Лос Анџелес, а безбедно слетал на аеродромот Ла Тонтута, главниот град на Нова Каледонија.

Никој од патниците и екипажот не е повреден.

Принудното слетување на авионот е откако е забележан чад од пилотската кабина. Се претпоставува дека е од запалена цигара.