Аболицијата од Иванов не му помогна на Мијалков

Судијката Џенета Бегтовиќ од Кривичниот суд во Скопје, на денешното рочиште за случајот „Тврдина-Таргет“ на СЈО го одби барањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за прекинување на постапката против него за за масовното нелегално прислушување. Мијалков се повика на аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов, ама судијката Бегтовиќ рече дека за аболицијата судот веќе решавал и се изјаснил во претходните постапки.
На колективната аболиција што ја даде, па ја повлече Иванов се повика и Валентина Симоновска од УБК, но и нејзиното барање е одбиено.

Во јуни, судот ги издвои постапките за овој случај што се водат против Горан Грујевски и Никола Бошкоски, како и за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која тогаш беше во ризична бременост. Но, СЈО побара денеска јанкулоска да се врати во овој предмет, бидејќи се породи и се јавува на други судења.
Другите обвинети – Владимир Варелов, Марјан Шумуликовски, Силвана Златкова, Васил Исаковски и Надица Николиќ од УБК, не беа на претседателскиот список на аболицирани.