Џорџ и Амал Клуни донираа 100 илјади долари за децата кои беа одвоени од родителите
САД– Актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал донираа 100 илјади долари на здружение кое се занимава со правата на децата мигранти кои беа одвоени од своите родители поради политиката на нулта толеранција на Трамп.
Здружението Young Center for Immigrant Children’s Rights соопши дека ја добило донацијата од 100.000 долари од Клуни.
Славната двојка кои изминативе месеци донираа средства и за поддршка на контролата на вооружувањето и борбата против екстремизмот се дел од бројните познати личности кои ја осудуваат оваа политика на раздвојување семејства.
Пејачот Џон Леџенд и неговата сопруга исто така донираа над 250 иладји долари за да го привлечат вниманието на како што рекоа „нехуманата политика“ на Трамп.
По жестоките реакции во јавноста, Трамп деновиве потпиша извршна уредба со која се овозможува мигрантските семејства да останат заедно додека чекаат одговор од институциите.