Џастин Тимберлејк со нов албум во февруари


САД- Пејачот и актер Џастин Тимберлејк најави дека неговиот нов албум ќе излезе на музичкиот пазар следниот месец, соопшти Контакт мјузик.

Петтиот студиски проект на Тимберлејк е насловен „Man of The Woods“ и ќе биде пуштен во продажба на 2. февруари. Џастин не издал албум од 2013 година.

Во промотивен клип, закачен на Инстаграм, 36-годишниот Џастин Тимберлејк изјави дека неговиот нов албум е инспириран од неговиот роден град Мемфис, Тенеси, и од неговото семејство. Тизерот, исто така, ја вклучува неговата сопруга, актерката Џесика Бил и музичарот и продуцент Фарел Вилијамс.

Неколку дена по излегувањето на албумот „Man of The Woods“, Џастин Тимберлејк ќе пее во шоуто на полувремето на „Супер Боул“. Првиот сингл од новиот албум на Тимберлејк ќе биде објавен утре.