Ќазим Асотиќ е новиот в.д. директор на МОБ
Македонската опера и балет доби нов в.д. директор. Министерот за култра Роберт Алаѓозовски на функцијата го назначи проф. д-р Ќазим Асотиќ.
Тој е прв фаготист, солист во оркестарот на Македонска oпера и балет и редовен член од 1991 година.
Завршил на Факултет за музичка уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1991 година и магистрирал за Фагот на Приштинскиот Универзитет-Косово во 2007 година.
Во неговата биографија се впишува и како прв фаготист – солист во Симфонискиот Оркестар – Ниш и вонреден професор на Музичката академија на Приштинскиот Универзитет (од 2007 -2012)
Преку негови настапи и перформанси гостувал во неколку Европски земји. Остварил гостувања со Македонската филхармонија, Мандолинскиот оркестар и бројни рецитали со пијано придружба.
Учествувал во комисијата за Законот за спонзорства и донации во Собранието на Р. Македонија, како и учество на меѓународна конференција во организација на ЦИР-а за филантропија.
Се закитил и со неколку награди меѓукои филантроп-индивидуалец на годината од Р. Македонија 2009 година; Лидер за опшествена одговорност од Меѓународната организација ЦИР-а; бројни признанија, пофалници и благодарници како за хуманитарни дејности исто така и за уметничко и репродуктивно творештво.
Mенаџер бил на познати македонски естрадни уметници и гостувања со нив надвор од државата на Меѓународни музички фестивали. Основач е и Директор на Фондацијата „Срце од срце“ основана за помош и лекување на лица заболени од леукемија и сите видови на карцином. Организатор бил на хуманитарни настани и концерти поткрепени со аукции и поддршка од националните Тв станици, печатени и електронски медиуми.