Јувентус продаде голман за 20 милиони евра
Сампдорија официјално го привлече голманот Емил Аудеро. Тимот од Џенова плати 20 милиони на Јувентус за правата на голманот.
Одлуката на клубот да се задржи Аудеро беше донесена уште во јануари, но денес „бјанконерите“ официјално ја објавија веста дека се разделиле со својот голман.
Па така „Старата дама“ направи нов силен трансфер од кој ќе добие многу пари.
Износот од 20 милиони евра ќе се плаќа во неколку транши.