Јувентус го носи Ромеро од Џенова за 30 милиони евра
Одбранбениот играч на Џенова, Кристијано Ромеро е близу до трансферот на Јувентус за 30 милиони евра, според италијанските медиуми.
Овој 20-годишен фудбалер од Аргентина треба да пристигне во Торино на 1 јули, кога ќе се отвори следниот преоден рок, а постои можност да се остане уште една сезона во Џенова како позајмен од Јувентус.
Во Ромеро, Јувентус гледа наследник на легендарните одбранбени играчи Џорџо Кјелини и Андреа Барзаљи.
Италијанскиот шампион се интересираше и за играчот на Ајакс, Матијас де Лихт, но тој е премногу скап и се верува дека е поблиску до Барселона.