Јапонскиот вселенски брод „Конотори-7“ се поврза со МВС


Јапонија– Јапонскиот беспилотен вселенски брод „Конотори-7“ („Штрк-7″) успешно се поврза со Меѓународната вселенска станица (МВС), соопшти Јапонската воздухопловна вселенска агенција Јакса.

Товарниот брод беше лансиран на 23 септември со помош на ракета Х2Б од космодромот Танегашима.

На платформата на бродот има нешто над шест тони товар, меѓу кои и залихи за екипажот и литиум-јонски батерии – главниот извор на енергија на МВС.

„Конотори-7“ на МВС однесе и два микросателити „Старс-ми”.