Јапонија подарува 10 милиони куќи


Земјата на изгрејсонцето подарува или продава по симболична цена повеќе од 10 милиони куќи.

Овие куќи инаку се нарекуваат „akiya“, што на јапонски значи „напуштено“ или „празно“. Куќите обично се наоѓаат во руралните делови на земјата и се напуштени откако претходните жители се иселиле во градовите во потрага по подобар живот. Важен проблем тука е суеверието, бидејќи многу Јапонци не сакаат да живеат во стари домови. Ги поврзуваат со несреќни настани кои се случувале таму, па така куќите во кои некој се убил или е убиен, или можеби умрел сам, се сметаат за многу баксузни.

Јапонија во моментов има население од 127 милиони луѓе, што е за околу милион и половина помалку од последниот попис на населението, кој е направена пред осум години.

Пред пет години, бројот на напуштени домови изнесуваше малку повеќе од 8 милиони, но во последните пет години бројот се зголеми уште повеќе.

Најлоша е ситуацијата во регионите Кагошима, Кочи и Вакајама, каде што повеќе од 10 отсто од домовите се напуштени и, ако напуштањето продолжи со ова темпо, предвидувања велат дека во 2033 година дури 30 проценти од куќите ќе бидат празни.

Затоа, не е ни чудо што оваа идеја за подарување на домовите, но мора да се исполнат одредени услови. На пример, некои локални власти пропишуваат дека сите членови на семејството мора да имаат помалку од 43 години и детето да е запишано во училиште.

Со оглед на цените на недвижностите во Токио, властите очекуваат дека многу ќе одлучат да се преселат во нов дом. Се очекува дека проектот добро ќе им дојде на младите семејства.