Ја чека работно лето: Каролина одмара на Миконос
По низата концерти, а пред новите закажани во август, на 10 во Битола и на 11 во Охрид, поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин минува релаксирачки денови и ноќи на нејзината омилена летна дестинација Миконос.
Нејзините летни одмори вклучуваат егзотични дестинации од типот на Мексико, но сепак Миконос како да ѝ е најголема љубов. Таа и минатата година го посети овој грчки остров со нејзиниот партнер Михаил Корубин, а годинава повторно одмора таму.
Оттаму прикачи фотографија на која позира со црн стајлинг од кој највпечатлив дел ѝ се црно-белите чевли.
Омилен дел на македонската поп дива од овој остров ѝ се бич баровите со одлична музика и забава, како и незаборавното зајдисонце.