Шпанската кралска двојка во посета на САД: Моден двобој меѓу Меланија и Летиција


САД– Кралот Фелипе и кралицата Летиција со посетата на Белата куќа во Вашингтон ја завршија шестдневната турнеја низ САД.

Што облекоа првата дама и кралицата? 47-годишната Меланија Трамп изгледаше шармантно во фустан со цветови на Валентино и чевли на Маноло Бланик, додека кралицата Летиција зрачеше со елеганција во розова креација од Мајкл Корс.

Службената посета на САД шпанската кралица Летиција и кралот Фелипе VI ја започнаа со одењето во Луизијана, која од 1763 до 1802. година била шпанска колонија.Слетувајќи во Њу Орлеанс, кралицата Летиција и нејзиниот сопруг ги дочекал гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, и грдоначалничката на Њу Орлеанс, Латоја Кантрел, а кога ја допрела американската земја една од најубаво облечените дами од кралските семејства блеснала во црвен фустан на омилениот германски бренд „Хуго Бос“.