Шилегов: Убеден сум дека ќе го добиеме ЕП 2022


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска во Загреб зборуваше за кандидатурата на Македонија за женското Европско првенство во ракомет за жени 2022 година.

Скопје како град домаќин на располагање ги има двете сали во СЦ „Јане Сандански“ и во СЦ „Борис Трајковски“.

Градоначалникот Шилегов е оптимист околу добивањето на организацијата.

– Градот Скопје ги има сите потребни капацитет да биде домаќин, две спортски сали, кои ги исполнуваат строгите стандарди. Истото се однесува и на сместувачките капацитети. Станува збор за 2022, доаѓа на крајот на мојот мандат. Ќе се потрудиме да ги подобриме и другите структури кои се неопходни за идеална организација, која што сум убеден дека ќе ја добиеме. Верувам, поради добрата организација и работа на РФМ и соработката што ја имаме на локално и државно ниво со неа, изјави градоначалникот Шилегов.