Шекеринска: Реконструкцијата на Владата ја одложиле поважни прашања
Реконструкцијата на Владата ја одложиле поважни прашања и се прават анализи, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вечерва во гостувањето во емисијата Топ тема на ТВ Телма.
– Сакавме да се прошири и сакаме да се прошири и парламентарното мнозинство бидејќи има одреден број партии кои сакаат да влезат во Владата, разговараме на повеќе фронтови, рече Шекеринска, оценувајќи дека треба да има реконструкција за да се добие подобра коалиција.
Таа смета дека поголема слабост на Владата се одредени функционери, отколку министри. Реконструкцијата е добра шанса не одредени луѓе да завршат во немилост, туку едноставно ни треба ваква екипа за вакви резултати. Тимот мора да продуцира постојано резултати, наведе Шекеринска.