Швајцарија има најмногу резерви во злато и девизи во Европа
Најголеми резерви на злато и девизи во Европа има Швајцарија, а Македонија е на 33 -то место во Европа, покажуваат податоците од референтниот извор на The World Factbook кој работи во рамки на американската Централна разузнавачка агенција.
На мапата се прикажани резерви на девизи и злато, изразени во долари, во сите европски земји, а кои се на располагање на централната монетарна власт за користење и исполнување на платнобилансните потреби на земјата.
Според оваа мапа, резервите на злато во Швајцарија изнесуваат 679,3 милијарди долари. На второ место е Русија со резерви од злато и девизи во вредност од 418,5 милијарди долари, а на трето место е Германија со резерви од 185,3 милијарди долари.
Резерви на злато и девизи во вредност меѓу 100 и 200 милијарди долари имаат Чешка, Франција, Италија, Велика Британија, полска и Турција/
Македонија е сместена под Словачка со резерви од злато и девизи во висина од 2,79 милијарди долари.
Од земјите во регионот, Бугарија е над Македонија со 27,52 милијарди долари, Грција со 6,89 милијарди долари, а Албанија со 3,27 милијарди долари, Хрватска со 15,5 милијарди долари и Србија со 10,7 милијарди долари.
На последно место на мапата сместена е Естонија со 389 милиони долари, а веднаш над неа е Црна Гора.