Црн фустан на Мерилин Монро продаден за 50 илјади долари


САД– Црн фустан на Мерилин Монро од приватната колекција на Луис Tапер е продаден за 50 илјади долари на аукција во Лас Вегас, САД.

Нема фотографија на која Монро го носи фустанот кој не личи на секси тоалетата што славната акерка го носеше на роденденот на претседателот Џон Кенеди, продаден за 5 милиони долари, но сепак е од оставнината на актерката.

Мерилин Монро почина во 1962 година на 36 години во Лос Анџелес. Случајот се води како самоубиство.