Хуманитарен пикник на Алкалоид
Хуманитарен пикник организира денеска фондацијата „Трајче Мукаетов”.
На пикникот, кој се одржува осма година по ред, вработените во компанијата „Алкалоид“ и нивните пријатели донираат средства во Фондацијата за што добиваат специјално дизајнирана маичка.
Пикникот ќе се одржи во комплексот „Бест Вестерн – Хотел Белви”, во населбата Илинден во Скопје.
Минатата година беа собрани над милион денари кои беа донирани на одделите за епилепсија и за астма при Клиниката за детски болести.