(Фото): Хрватската убавица што го полуде фудбалскиот свет


Фотографиите на таинствената убавица во дрес од Хрватска што камерите упорно ја ловеа на мечот Хрватска – Нигерија (2-0), ги запалија љубителите на најважната споредна работа на светот. Хрватските медиуми се потрудија да ја пронајдат. Се вика Ивана Кнол, родена е во Германија, а по запишувањето на Графичкиот факултет во Загреб, се преселува во Хрватска. Во 2016 година влегува во финалето за изборот на „Мис Хрватска“. Обожува танцување, особено стомачен танц, како и да патува.