Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Бидете среќни! Една фаза во вашиот живот завршува и сега е добро да го погледнете светот со нови очи – сетете се дека вашите напори не се залудни, бидете доследни и верувајте во себе. Се појавува некоја личност која што ќе ви помогне да ги отстраните финансиските тешкотии – тоа е приоритет сега.

БИК: Планетите во Јарец ви носат поволни контакти, најверојатно со влијателни женски личности, кои е добро да ги искористите за да ја разјасните својата ситуација – на интимен и професионален план. Пред вас е убав период во кој ќе уживате во раскош и ќе можете да се потпрете на себе и на своите ресурси.

БЛИЗНАЦИ: Се прашувате дали конечно ќе избегате од агонијата од минатото, финансиските неуспеси и духовни дебакли, но не очајувајте, пред вас е убава шанса и тоа во облик на конкретна помош – сè што ви треба ќе ви дојде како мелем на рана. Сепак, најдете малку повеќе време за одмор и медитација.

РАК: Уживате во носталгични сеќавања и емоции, дружејќи се со весели и разиграни личности, некои и помлади од вас. Ова е прекрасен период за секој вид на забава и дружење, но знајте дека набрзо ќе треба да донесете важни решенија – нагло откривање на комплексните ситуации и калкулативен пристап. Разум!

ЛАВ: Планетите во Јарец укажуваат на напредување во професионалната сфера – некој ќе се понуди да ви помогне во отпочнатите проекти, ставајќи го своето знаење и умешност во ваша служба. Навистина прекрасен период, во кој ги имате сите потребни алатки за да успеете. Сè што треба е да верувате повеќе!

ДЕВИЦА: Неверојатно убав период за напредување на повеќе полиња, најверојатно и работа со далечните земји или луѓе дојдени оттаму. Вашите таленти се ценети и ги имате сите услови за напредување, единственото нешто на кое што треба да внимавате е склоноста да ги сфаќате работите премногу лично. Отворете се сега.

ВАГА: Венера повторно ги довикува своите најубави квалитети и денес сте полни со грациозност и љубезни сте со светот. Такви и останете доколку се соочите со нагли и неочекувани случки или средби и не брзајте во носењето на заклучоци. Ситуацијата можеби е тешка, но решение мора да се најде – еднакво за сите.

СКОРПИЈА: Сè уште се чувствувате врзано и како да не можете да се придвижите во ниеден правец. Добро е да се прашате што е она што ве задржува назад? Ситуацијата укажува дека треба да ги надминете грубите зборови и да отпловите кон помирни води, грижејќи се за себе и за саканите. Наскоро ќе донесете решение.

СТРЕЛЕЦ: Под влијание на викендот евоцирате убави сеќавања и се грижите за љубените. Пред вас е период на партнерства – на професионален и интимен план – затоа отворете се и видете што има да понуди другата страна. Не избрзувајте со стерилни решенија, туку причекајте некој ден за похумана перспектива. Среќа.

ЈАРЕЦ: Уживате во својот авторитет и постигната слава и доаѓате до нови опции избирајќи зрело и искусно. Месечината во вашиот знак ветува развој, како и понуди од страна на помлади личности. Дружете се со нив и со најблиските, при што ќе дојдете до потребното решение и ќе напредувате радосно. Насмејте се!

ВОДОЛИЈА: Сте оставиле многу зад себе и сè уште продолжувате со чистката! Потребен ви е план со кој што ќе ги помирите спротивставените страни и пориви, а тој бара радикален пристап – нешто што досега не сте го направиле. Погледнете добро каде е направена грешката, за да може подобро да се извадите. Бидете умешни.

РИБИ:
Сакате да напредувате, но не знаете како. Пред вас се партнерства кои ви се сугерира да ги искористите, а преку кои ќе дојдете до саканиот просперитет. Ова е прекрасен период и планетите ве поддржуваат во вашите планови, а вие се чувствувате како да сте на врвот од светот. Уживајте во својата креативност!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]