Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е важен период во вашиот живот, кога сè е можно, од авантури, силни емоции, до важни случувања. Ако прашувате за веќе оформените врски, сè си е во свое време, а доколку ве интересира работа, добро е да покажете лојалност и потоа ќе бидете помогнати да ги развивате својата личност и судбина.

БИК: Можни кавги кои нема да понудат ништо ново – обидете се подобро да ги разберете оние околу вас, за да избегнете стрес. Како ќе постапите, таква реакција и ќе добиете. Би можеле да се сретнете со некој од минатото, нешто што ќе ве изненади, но не грижете се,ова е средба што ќе има многу предности.

БЛИЗНАЦИ: Планетите укажуваат дека се јавува недоверба и некој се обидува да ви предизвика грижи, дури и да го преземе вашето место. Не грижете се, нема да успеат. Сега приоритет е љубовта, бидејќи само преку неа ќе бидете подобри. Авторитетите ви сугерираат да ја разјасните ситуацијата, а тоа е и вашата цел.

РАК: До вас стигнуваат информации, кои индицираат дека наскоро ќе треба да се ослободите од сè што ви тежи и го забавува вашиот развој. Потребен ви е пријател кому ќе може да му верувате и кому ќе можете да му се отворите, а доколку се препуштите, резултатите ќе ги надминат вашите очекувања. Тоа е интима.

ЛАВ: Вашата сегашна или идна ситуација е прилично поволна, планетите се на ваша страна, една фаза од циклусот завршува и може да прејдете на следната. Искористете го овој редок момент и фокусирајте го сиот свој напор да го довршите започнатото и финиширајте. Ќе може да се потпрете на пријателите.

ДЕВИЦА: Проблемите низ кои што минувавте веќе исчезнуваат и влегувате во посреќна фаза од животот – на финансиски, емоционален и професионален план. Доколку треба да патувате, не одолговлекувајте, туку спремете се и продолжете напред. Ако во некои работи не можете да победите, сепак играјте фер и конструктивно.

ВАГА: Можна средба со опонент, а која што не може да се избегне. Ова ви претставува загриженост, бидејќи сакаат да ве истиснат од сликата, а вие секако не се давате. Продолжете како и претходно и нема да успеат. Сето ова ви доаѓа како предупредување,затоа привршувајте сè што имате пред да продолжите напред.

СКОРПИЈА: Дури и да не очекувате, сосема ненадејно се појавуваат пари – можеби тоа не е голема сума, но малите извори често водат до големите реки. Сега не треба да ви е проблем да се справите со ситните дреболии кои се само повремени – продолжете кон своите цели, сигурни дека ќе успеете. Нешто сепак ќе таите.

СТРЕЛЕЦ: Прекрасен период за интелектуални стремежи – со повеќе планети во својот знак се интересирате како да напредувате. Можеби ќе тренирате или изучувате нешто. Секако и партнерските врски имаат голема улога и сега прекрасно функционирате и со љубените и со колегите. Очекувајте добри вести!

ЈАРЕЦ: Некои случки од минатото повторно се појавуваат и иако се неочекувани, вие сепак ќе уживате. Кога станува збор за некакви ветувања, ќе треба да бидете повнимателни и да се заштите себеси – ништо сериозно, но вашата лична чест ќе биде повредена. Не одолговлекувајте во одамна започнатите работи.

ВОДОЛИЈА: Тајна љубов или набљудувач – за сега не можете да откриете кој е тоа. Можеби наскоро патиштата ќе ви се вкрстат и тоа не може да се избегне. Доколку се однесувате воздржано, нема да имате проблем со оваа средба. Направете напор и разберете ги луѓето со кои доаѓате во непосреден контакт. Сè е во ред.

РИБИ: Будите сентиментални емоции кај одредени луѓе и засега тоа е добро да остане тајна. Конечно многу работи се менуваат и аспектите покажуваат дека љубовта е најважна тема во вашиот живот. Сето ова се добри вести и секако ќе се вратите во баланс, на емоционален, професионален и на финансиски план.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]