Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Да, навистина постои љубов на прв поглед и денес би можеле да бидете занесени од овој необичен феномен. Пред вас се прекрасни изненадувања и средби, по кои ќе се почувствувате препородени. Можеби сè досега сметавте дека љубовта ве одминува, но денешните случки ќе ве уверат во спротивното.

БИК: Внимавајте на блескавите ветувања – сè што светка, не е злато, затоа не ветувајте повеќе отколку што можете да преземете. Разјаснете ги дилемите или можните конфликти и не анализирајте премногу. Сега ги гледате работите на сосема нов начин и потребно ви е време да се навикнете на сè. Не брзајте.

БЛИЗНАЦИ: Ова е момент за решителност, кога сте свесни за своите цели и за вештините кои се потребни да ги постигнете истите. Обидете се да воспоставите баланс помеѓу она што е и она што би можело да биде и направете добра стратегија. Дејствувајте прецизно и со контрола и анализирајте го својот перформанс. Фокус.

РАК: Со планетите во Скорпија доаѓате до убави шанси за напредување – сега имате голема среќа! Наградите обично доаѓаат на фин, деликатен начин и често во спирална манифестација – дури и да не ви е јасно како, успехот ќе си дојде сам по себе. Доаѓате во контакт со љубезни луѓе, чии совети ќе ги послушате.

ЛАВ: Соочени со реалната состојба, успевате да ги изолирате емоциите и да дојдете до мудро решение. Со тоа ќе го подобрите својот живот и врски. Имате потреба да ги редефинирате своите цели и добро е да ги прифатите промените, а ако има потреба, повлечете се на кратко. За неколку дена ќе дојдете до решение.

ДЕВИЦА: Некој би можел да се обиде да ве злоупотреби денес, затоа внимавајте. Планетите укажуваат дека некој би сакал да ви се наметнува и да бара од вас нешто што не сте спремни да дадете, затоа внимавајте на слатките зборови и ветувања. Размислувајте за кариерата и спремајте се за нова фаза со колегите.

ВАГА: Што и да се случи, останете со ладна глава! Ќе си ја вратите самодовербата ако си признаете дека досега им дававте приоритет на туѓите проблеми, проекти и очекувања, отколку на своите. Прашајте се каде е најдобро да ја аплицирате својата сила за да напредувате. Ценете се повеќе и ќе се здобиете со респект.

СКОРПИЈА: Широкогради и толерантни, ги прифаќате останатите онакви какви што се, со сите нивни маани и доблести, без оглед на пол или раса – се соочувате со ситуации кои што ќе го извадат најдоброто од вас. Направете инвентар, оптимизирајте го буџетот и штедете ја својата сила – сега имате некаква цел!

СТРЕЛЕЦ: Успешен развој во пријателските и личните врски, зрачите со необичен шарм и сега знаете како да заведете и да бидете нежни и трпеливо ја освојувате својата цел. Сè додека не манипулирате, ќе имате сигурен успех! Задоволни и самите, ќе најдете време за одмор и ќе споделите по некој убав, нежен и љубезен збор.

ЈАРЕЦ: Денес постои шанса да претерате во грижата за другите и да добиете сосема спротивна реакција. Немојте да сте импулсивни и внимавајте на јазикот за да не дојде до конфликт или невнимателни забелешки. Дури и на професионален план сте вознемирени. Повлечете се и размислувајте за непосредната иднина.

ВОДОЛИЈА: Во интимниот живот сè е во ред – можеби оваа врска не е од најстрасните, но вие се чувствувате сигурно и претпочитате пријателство, отколку страст. Од друга страна, пак, би можеле да се спријателите со некоја нова личност, која ќе ве извлече од вашата школка. Бидете поотворени да ги изразите своите намери.

РИБИ: Можеби ќе сакате да направите пауза кога станува збор за романтичниот живот – потребно ви е време во кое ќе размислите дали е добро оваа врска да продолжи или не. Сепак, нека не ве плаши ова, тоа се само краткотрајни аспекти, набрзо работите се менуваат. Добро е да се чуе сопствениот глас.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]