Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Венера во вашето партнерско поле ве заведува и чувствувате како срцето повторно ви чука. Со силна страст и личен магнетизам ја барате својата романса во живописниот и богат друштвен живот. Ова е време за избори кои ќе имаат долготраен ефект, затоа не брзајте во ништо, па ниту во работата.

БИК: Време е да истапите и да бидете чуени – кажете ја својата страна од приказната и расчистете ги еднаш засекогаш конфликтите во посветените врски. Време е за вистина! Не може повеќе да се криете во туѓата сенка, не успевајќи да го искористите својот полн потенцијал. Изразете се, направете поента!

БЛИЗНАЦИ: Останете ладнокрвни, култивирајте ја умешноста на толеранцијата во емоционалната сфера и работете на само, во некое катче, а не со повеќе луѓе, каде што може да се фрли и некој остар камен, како искажан збор. Ќе профитирате преку својата харизматична личност и ќе оставите впечаток.

РАК: Се појавува потреба да претседавате со другите или со некоја активност и да бидете самопожртвувани за да ги поттикнете и останатите. Бидете пофлексибилни, бидејќи наметнувањето на преголем авторитет може само да ги оддалечи луѓето. Не ризикувајте и внимавајте што зборувате.

ЛАВ: Денес сте среќни и задоволни и работите се одвиваат сосема мазно во интимната сфера, затоа ќе одлучите да им ги изразите своите чувства на саканите. Сега сте полни со убавина и искреност, па ќе се здобиете со заемен респект смирувајќи ги емотивните води. Немојте да сте крути на работа.

ДЕВИЦА: Вашите сакани ќе дадат сè од себе да го избркаат мрачното расположени во кое си дозволивте да западнете. За среќа, работите во текот на денот се менуваат и ако успеете да попуштите, на крај и самите ќе се смеете слатко! На професионален план ќе успеете да се износите со тешкотиите.

ВАГА: Направете поента без да претерате, бидете поумерени и нема да бидете сами. Во некои кругови се зборува за вашето чудно повлекување и изолација, но одговорите кои што ги барате лежат само во вас. Знаете дека интимата бара урамнотежен пристап, но таа не се гради со посесивност и недоверба.

СКОРПИЈА: Наивноста и безгрижноста би можеле да ве втурнат во некоја будалеста врска, затоа внимавајте пријатели. Бидете претпазливи и добро избирајте со кого се дружите. Одлучете да се повлечете, наместо да истапите. На вашите врски им е потребна солидна основа, но неа сè уште ја нема. Причекајте.

СТРЕЛЕЦ: Има ли пилот во вашиот авион? Добро е да се повлечете пред да паднете стрмоглаво во некој конфликт. Некои стари работи се појавуваат, но добро е да знаете дека и вие сте тврдоглави, колку што е и другата страна. Немојте да сте крути и затворени, туку бидете отворени за компромис.

ЈАРЕЦ: Се чини дека сакате да направите пауза во романтичниот живот, да ѝ избегнете на нормалната рутина враќајќи се кон своите корени. Нема потреба за вознемиреност, од време на време е добра идеја да се биде самостоен, со цел да се врати самодовербата. Промени и на професионален план.

ВОДОЛИЈА: Венера во Вага и други убави аспекти ги хармонизираат вашите лични врски – сега сте целосно нагодени со својата значајна половина. Наоѓате часови и часови да зборувате за вашите омилени теми и уживате во искрена интеракција. На работа едноставно не ви се работи, но тоа е тоа, утре е нов ден.

РИБИ: Денес сте полни со енергија и му намигнувате на животот, страсно посветени на своите врски. Оригинални и шармантни, ги правите вистинските чекори да ги привлечете потребните луѓе и ова се покажува како добра тактика. Сè што треба да направите е да одлучите колку далеку сте спремни да одите.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]