Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Идејата е да почнете нова потрага по богати ресурси, а потпомогнати од неколку транзити, луѓето ќе ве слушаат љубезно и со разбирање. Имајте јасни идеи и користете ги своите дипломатски вештини и така ќе ја постигнете саканата цел. Денес сте полни со шарм, харизма и инспирација.

БИК: Вниманието се префрла на домашен план, како и на поддршката што ја добивате од другите. Сакате да изградите стабилна основа и со транзитот на Меркур во Стрелец се појавуваат шанси да го направите токму тоа. Надвладејте ги емоциите и не се однесувајте супериорно. Отпочнете со планот.

БЛИЗНАЦИ: Работите се менуваат и доаѓате до подинамична фаза во емоционалната сфера. Внимавајте во нагласувањето на своите емоции, бидете умерени и насмеани и ќе ги освоите срцата на сите околу вас. На работен план добивате пофалби од колегите, а тоа ви ја враќа самодовербата. Следува убав период.

РАК: Обидете се да се разберете со саканите, знаејќи дека вашиот вообичаен шарм сега не функционира, затоа постапете најдобро што умеете. Ова е привремена ситуација и не треба да биде видена како личен неуспех. Скротете ги импулсите и ќе минете полесно. Недоразбирањата ќе останат само минато.

ЛАВ: Со Месечината во својот знак имате цел да бидете видени, но не ви е јасно сосема каде и како. Сега е добро да бидете пофлексибилни и да покажете малку повеќе толеранција. Некои проблеми се расчистуваат и се здобивате со прифаќање и промоција. Денес дефинитивно сте посигурни.

ДЕВИЦА: Ќе сакате да го унапредите својот љубовен живот и ќе почнете да ги прифаќате поканите за излегување – забави, дружења и повеќе видови на покани – прифатете ги сите! Вашите таленти сега се барани и ова е идеален ден за стекнување на знаење и вештини. Ќе се здобиете со автономија.

ВАГА: Ќе треба да направите отстапки, за да не дојдете до фрустрации во личниот живот. Внимавајте да не се посрамотите. Повлечете се ако треба, пред да ве повредат и планирајте подобро. Работете врз активности кои ќе ви обезбедат сигурна основа во животот. Соочување со промените.

СКОРПИЈА: Повредени чувства на личен план – имате тенденција да избегнувате соочување и да си ги чувате своите размислувања само за себе. Немојте да сте толку таинствени! Така се доаѓа до фрустрација и депримираност. Најдете време за колегите бидејќи и онака им е тешко да ве следат.

СТРЕЛЕЦ: Со транзитот на Меркур во вашиот знак работите стануваат подинамични – сега ви е потребна самосталност, а оваа желба не им одговара добро на желбите на саканите. Најдете го потребниот баланс помеѓу слободата и сигурноста, како и независноста и нежноста. Немојте да сте нетрпеливи.

ЈАРЕЦ: И кај вас доаѓа до промени и сега сте подготвени да продолжите напред во својот емотивен живот. Шармантни, спонтани и интелигентни, обидете да балансирате со новата динамика. Штом ќе се навикнете на темпото, работите ќе се движат полесно. Потенцијални средби со странци.

ВОДОЛИЈА: Денес до израз доаѓа вашиот карактер, без оглед дали е лош или добар, затоа обидете се да оставите убав впечаток и внимавајте на личниот интегритет. Добро е да знаете каде се движите и во кои друштвени сфери – кој е под вас, а кој е над вас во општественото милје. Најдете време за себе.

РИБИ: Не сте расположени да прифатите сеопфатна љубов, која не ви дава простор слободно да дишете. Ако се соочите со некаков облик на посесивност или љубомора, постои шанса да направите драма! Воздржете се денес и обидете се повторно утре, ништо не е вечно и сè се менува константно.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]