Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов
ОВЕН: Можеби ќе се почувствувате притиснати до sидот сега – се чини дека некој бара од вас да избирате помеѓу две солуции или помеѓу две личности. Овој ултиматум ќе го измести вашиот баланс и нема да може да дојдете до решение. Вашите убедувања се менуваат драстично и ќе треба да бидете многу разумни! Баланс.
БИК: Сега сте импулсивни на интимен план, но тоа ќе ви донесе некои иновативни и свежи промени во љубовниот живот. Можеби ви фали визија за тоа како да ги смените работите, а најдобро ќе биде да се ослободите од туѓите потреби и да се прашате што ви е потребно вам. Научете се да велите не и сакајте се повеќе.
БЛИЗНАЦИ: Тоа што напредувате во љубовна смисла е во ред, но не си дозволувајте да се залетате премногу – постои мала разлика меѓу слепиот оптимизам и пречекорувањето на границата. Вашите блиски и сакани би можеле да ве спречат во вашите љубовни намери, затоа е мудро да се повлечете и почекате.
РАК: Се обидувате преку својата имагинација да ја разберете објективната реалност и се прашувате дали луѓето кои што ви се блиски до срцето ги споделуваат истите емоции. Зошто не ги слушате нежните зборови кои доаѓаат во ваш правец? Месечината во Девица ќе ви помогне да истраете во своите обиди.
ЛАВ: Отсечете ги сувите гранки и она што повеќе нема живот во вашата околина. Ова е одлично време и може лесно да го постигнете саканиот успех, но внимавајте на предвременото честитање и пренагласените пофалби. Социјалниот живот е активен, а на работа сте полни со ентузијазам, решителност и организација.
ДЕВИЦА: Се чини дека немате доверба во речиси никој. Ако сметате дека тоа е конструктивен став, се лажете многу пријатели! Соочени сте со тешки избори и сега сте на нова територија. Затоа ослушајте ги советите од страна, бидејќи ќе се покажат како многу корисни. Потребна ви е интимност, а до неа тешко доаѓате.
ВАГА: Работите не се одвиваат според саканото, но ќе ја смените оваа ситуација лесно, ако внесете доза на хумор во своите интеракции. Другите ќе го забележат тоа и ќе ви одговорат позитивно. Реагирајте додека сè уште имате влијание и бидете мирни и рационални. Вие не сте центарот на светот, а тоа важи и за работата.
СКОРПИЈА: Вашиот социјален живот е динамичен, добивате покани од сите страни – забави, игранки или патувања – сè е можно сега! Споделете ја својата добра среќа со останатите и пренесете им дел од својата страст на оние околу вас. Полни со оптимизам, ќе успеете да направите добри решенија и на професионален план.
СТРЕЛЕЦ: Кога станува збор за емотивниот живот, чувствувате дека конечно денес може да се зближите повторно со љубените. Убави пријателски врски на кои може да се потпрете и со кои ќе им дозволите на другите да го преземат водството. Сите што ќе ги сретнете овој викенд ќе сакаат да разменат некој збор со вас.
ЈАРЕЦ: Месечината во Девица ја открива вашата повеќекратна личност – постојат аспекти во вас кои ви овозможуваат да се усогласите дури и со оние со кои немате ама баш никакви афинитети. Намалете ги малку очекувањата и ќе минете подобро. Можеби ќе ви недостига концентрација, затоа одморете.
ВОДОЛИЈА: Сега е момент кога одлучувате свесно дали ќе бидете среќни или не, дали јавно ќе проговорите за работите кои што се заглавени или ќе ги потпикнете под тепих. Ако саканите не ви дадат доволно време да размислите, ќе бидете под искушение да им изјавите дека сè е завршено помеѓу вас. Повлечете се малку.
РИБИ: Како да постои невидлива ограда помеѓу вас и она што го сакате, вашето однесување е нејасно за најблиските, затоа не е ниту чудо што не се разбирате. Ако сакате работа, љубов или некој убав предмет, ви се сугерира да преземете друг пристап и, ако треба, повлечете се засега. Стабилизирајте ја ситуацијата.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ