Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Неколкукратни опозиции укажуваат дека треба да внимавате на емотивниот живот денес – тоа е толку моќна енергија, што ќе ви даде чувство на непобедливост и претерана желба за ризик и авантура. Затоа сега не барајте многу, особено од оние што сте ги запознале пред некое време.

БИК: Вашата неверојатна мотивација шири топли чувства и убава енергија насекаде околу вас. Ова е добронамерна атмосфера, во која може да создадете нови пријателства и контакти со луѓе на позиции, а кои ќе ви отворат нови шанси. Давате идеи, а луѓето размислуваат за нив. Добри комбинации.

БЛИЗНАЦИ: Држете ги цврсто емоциите под контрола бидејќи имате тенденција да бидете љубоморни и посесивни кон вашите сакани. Вашите страсти и чувства треба да бидат проверени добро пред да може да се изразат, инаку лесно би можело да дојде до сцена на домашен план. Бидете поскромни.

РАК: Месечината во Близнаци ја потенцира вашата романтична и чувствителна природа, но сега е добро да бидете дискретни и трпеливи. Се чини дека сонувате за совршена љубов, пријатели, но не се осмелувате да проговорите со личноста која ги окупира вашите мисли. Ќе има шанси, причекајте.

ЛАВ: Ова е ден кога сакате друштво, нови познаници и љубов – сега сте со поотворена слика кон светот. Планетите обезбедуваат многу покани, кои најверојатно ќе ги прифатите, бидејќи сте заинтересирани за нови контакти. Можеби ќе се судрите со вистинската личност, во вистинско време!

ДЕВИЦА: Бидете подготвени за некои промени и прифатете ги неочекуваните настани што може да произлезат како резултат. Тие ќе се покажат особено поволни што се однесува до пријателствата и романсата, затоа не се плашете да ја прифатите поканата од непознатите – ќе бидете пријатно изненадени!

ВАГА: Сонцето и Јупитер ви носат контакти и пријатни нови средби. Прекрасен ден и за постоечките врски – накратко сè е во ред со светот! Овие две планети ви даваат енергија и решителност да напредувате, но до вас е да го следите патот со храброст и одлучност. Така ќе дојдете до саканиот успех.

СКОРПИЈА: Вашиот приватен живот денес наликува на борбена зона. Раскинувања, закани, навреди и солзи. Домашната сцена дефинитивно не е мирна сега. Препишете им го тоа на неколкуте опозиции, кои се виновни за овие деструктивни влијанија. Луѓето како да се здружуваат против вас, но владејте го своето его!

СТРЕЛЕЦ: Денес нема голема жештина во емотивниот сектор, покажувате ладна и дистанцирана страна. Неволни сте да ја покажете својата афективност и го префрлате своето внимание на професионален план. Тука сте во искушение да покажете прекумерна ревност и да дејствувате импулсивно – внимавајте!

ЈАРЕЦ: Се прашувате дали нешто ќе ви се случи на емотивен план? Е па, ова е денот кога може да произлезе токму тоа! Пред вас ќе има стимулативни шанси, нови средби и страсни изливи на емоции – ќе бидете опкружени со љубов и топлина цел ден денес! Вашата агенда е полна со состаноци и интервјуа.

ВОДОЛИЈА: Кога станува збор за срцето, денес сте подготвени да ја закопате главата под песок. Сега едноставно би отстапиле. Не влегувајте во залудни конфликти со оние што ви наметнуваат мислења. Бидете мирни, спокојни и одберете дискреција, а не дискусија. Не се сомневајте.

РИБИ: Би можеле да доживеете неколку тешкотии со саканите, а причината лежи во тоа што сте премногу опуштени – дури иако не сакате да бидете, сепак тоа ги вознемирува блиските. Затоа ви се советува да го гледате сопственото однесување и да не се залетувате и на најмалата провокација.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]