Хороскоп: Што велат ѕвездите денес


ОВЕН:Денес може да победите само ако се воздржувате – настојувањето нема да ви донесе предност. Периодот е поволен за интересни одмори и забави, затоа започнете да правите планови за иднината. Додека чекате, медитирајте за сè.

БИК:Работевте многу напорно и вашите напори ќе се исплатат во следните два месеци. Жедни сте за знаење и го третирате со љубов дури и најмалото делче од својата работа. Ангажирани сте со мајката. Скорешна интимна средба.

БЛИЗНАЦИ:Месечината во опозиција ви чини одредена непријатност, како и можен конфликт. Бидете скромни и воздржани. Ако сте испровоцирани, не реагирајте. Внимавајте на своите импулси, како и на она што ви е потребно. Солуции.

РАК: Смислено треба да се справувате со ситуациите бидејќи работите не се едноставни. Нешто го спречува остварувањето на вашите желби. Женска личност ќе ви помогне да ги отстраните препреките. Среќа по пет месеци.

ЛАВ: Можеби се чувствувате несреќно и сметате дека сте жртва на некоја неправда. Ако нонстоп размислувате за тоа како можеше сè да се одвива, нема да си помогнете. Соберете храброст и извлечете лекција од ситуацијата. Нов почеток.

ДЕВИЦА: Внимавајте на преголемата самодоверба, бидејќи вашиот суд може не е компетентен во моментов. Не се обидувајте да успеете по секоја цена и внимавајте да не ги навредите другите со својот темперамент. Набрзо промена.

ВАГА: Блиску сте до успехот, но се чини дека некој се труди многу да не го постигнете. Немојте да сте премногу вознемирени околу тоа. Оставете му сè на опонентот.
Најдете време за рекреација – наскоро вашата среќа ќе се насмевне. Почекајте.

СКОРПИЈА: Ова е поволно време за вашите потфати и може да очекувате крупни промени во следните шест месеци. Ако во професионалната сфера има нејаснотии, обидете се да ги разјасните. Со поскромни желби ќе успеете повеќе. Одлука.

СТРЕЛЕЦ: Месечината во вашиот знак ви дава сила и инспирација, но внимавајте да не ја отпуштите во лош момент и да ги повредите другите, но и себе си. Внимавајте да не навредите некој со своето однесување или ароганција – имајте такт.

ЈАРЕЦ: Среќата и успехот не се типични карактеристики за вашата моментална ситуација, но сетете се на старата, дека најтемно е пред зазорувањето. Имајте во предвид дека оваа нејаснотија е моментална ситуација. Внимавајте на околината.

ВОДОЛИЈА: Периодов е добро да внимавате, особено на љубовните врски – бидете ладни што и да се случува, инаку ќе се најдете во незгодна положба. Спремете се за следниот период кој носи среќа, чекајќи и размислувајќи за сè.

РИБИ: Зборувате премногу, а правите премалку – не го губете времето во озборувања, туку сетете се дека во вас имате сè што е потребно за исполнување на вашата лична среќа. Не туку се жалете на судбината, туку преземете нешто и самите.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]