Хороскоп: Совети за девицата, промени за јарецот


ОВЕН: Месечината во Риби ве повикува да најдете време и да се одморите. Потребно ви е смирување за да може да продолжите и ги надминете турбулентните случувања. Повлечете се и формулирајте нов план. Одмарајте.

БИК: На удар сте на повеќе предизвикувачки аспекти, кои чинат да се чувствувате млитаво, неумешно и со ниски стандарди. Вашето небо можеби го прекриваат облаци, но пред вас сепак ќе се појават нови можности – отворете се.

БЛИЗНАЦИ: На професионално ниво се соочувате со нефлексибилно и догматско размислување, па давате лоши или некомпетентни совети. Имајте во предвид дека не можете да брзате. Кон крајот на денот ќе уживате во изобилство.

РАК: Пред вас се појавува нова шанса за партнерство или духовно патување и тоа сосема неочекувано. Шанси за радост, среќа и задоволство. Со голема интуиција ги разбирате потребите на оние околу вас – можна е и нова романса!

ЛАВ: Ретроградниот Марс ги забавува работите и се јавува потреба да размислите одново за своите планови. Искористете го најдоброто од оваа ситуација, без да сакате да сте центар на вниманието. Не бидете одмаздољубиви.

ДЕВИЦА: Сега ќе треба да нурнете подлабоко под површината на нештата, со големо внимание и свесност. Отстранете го отпорот, па потоа почнете да работите. Внимавајте на детската имагинација и побарајте совет на експерти.

ВАГА: Не дозволувајте си да сте арогантни поради некои минати заслужени напори, бидејќи може да ги растурите најблиските врски. Имајте добра доза на хумор без оглед што се случува и на тој начин ќе излезете како победник сега.

СКОРПИЈА: Месечината во Риби ја нагласува јаснотијата, контролата и вашиот мир среде турбулентните промени. Денес сте со зголемена интуиција и така ќе можете да ги надминете искушенијата, ситните проблеми и лошите пресврти.

СТРЕЛЕЦ: Јасно дефинирајте што посакувате да постигнете бидејќи надворешните влијанија не ви одат во прилог. Дали сакате богатство, имот, самосовладување или поцврста волја? Уживајте и споделувајте ја својата среќа.

ЈАРЕЦ: И вас ве очекуваат промени за кои треба да бидете спремни – имате голем апетит за менталните процеси и логика, па ќе собирате информации со внимателно истражување и суптилно следење. Денес говорите јасно и гласно.

ВОДОЛИЈА: Сега сте волни да направите ефективни промени – штом ќе загосподарите со себе, веднаш ќе имате авторитет и врз другите. Не бидете арогантни или саркастични, туку умерени, посветени и корисни – така ќе успеете.

РИБИ: Не губете се во морето на детали, за сметка на пошироката слика. Се губите себеси предавајќи ѝ се на работата, на сметка на личниот и духовниот живот. Бидете отворени и не ги повторувајте истите грешки одново. Учете сега.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]