Хороскоп: Пат за бикот, решение на проблеми за вагата
ОВЕН: Се здобивте со признанија и денес креирате атмосфера која ќе ви донесе стабилност, ќе отвори можности за развој на други таленти, со кои ќе постигнете поголем баланс во животот. Сменете рутина. Емоционален баланс.
БИК: Месечината која се гаси носи промени и привршувате со мисијата на која што ѝ бевте посветени. Сега е време да напуштите и започнете нова, но со поинаков став – развивањето на своите таленти ставете го на прво место. Пат.
БЛИЗНАЦИ: Денес ја разбирате својата енергија и имате силно либидо бидејќи откривате нови извори на стимулација – нови интереси, луѓе и активности кои ќе ве мотивираат. Луѓето сакаат да се во ваша близина. Голема хемија во љубовта.
РАК: Ова е момент за акција и означува започнување на важен проект за ваше лично исполнување. Потребна ви е сила за да ги искористите своите специјалности. Експанзија во бизнисот и во инвестиции. Предизвици во љубовта.
ЛАВ: Имате чувство како да сте во транзиција меѓу два циклуси – можеби се чувствувате дезориентирано бидејќи треба да оставите сè зад себе и да испловите повторно на отворено море и во непознато. Промени во работата.
ДЕВИЦА: Сосема свесни за своите специјалности, знаење и вредност, планирате како да ја аплицирате својата мудрост. Вашата самодоверба се реставрира и сега повеќе се цените себе си. Фокусирајте се на љубовниот живот и ќе имате сè.
ВАГА: Планетите укажуваат дека денес е добро да си верувате себе си – во право сте и имате вистински аргументи. Нема потреба да се расправате, туку само да се ослободите од наметнатата вина и страв. Решавање на проблеми.
СКОРПИЈА: Се чини дека работите многу – сакате да остварите стабилност во повеќе сектори и само што налетувате на вистинските луѓе и активности кои ќе ви помогнат во тоа. Пред вас се повеќе можности, затоа избирајте мудро сега!
СТРЕЛЕЦ: Некако ја враќате својата мотивација користејќи ја својата експертиза, вежбајќи ја својата функција и на тој начин ја зголемувате самодовербата. Грижете се за здравјето, учете, работете врз идеалите и уживајте во интимата.
ЈАРЕЦ: Постигнувате стабилност во афективниот сектор и на тој начин го враќате својот баланс – живејте ги своите емоции и научете нов начин да се справувате со нив. Бидете поумерени и проширете го своето разбирање. Убава романса.
ВОДОЛИЈА: Специјалните моменти ќе се појават оној момент кога ќе решите да поставите база за развој на вашата работа. После многу бурни случувања, тежнеете кон стабилност, а која ќе ја најдете почнувајќи некоја нова работа.
РИБИ: Месечината во вашиот знак го открива вашите кревки чувства – сфаќате дека изградената основа не е доволно цврста за да ги издржи вашите потреби и сега е потребно да изградите посоодветна за потребите на вашиот развој. Идеи.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ