Хороскоп: Борба за ракот, прогрес за бикот


ОВЕН: Денес ќе биде добро да не се форсирате себеси, без оглед колку и да се бара тоа од вас. Прекумерното трошење може да направи штета, па така најдобро ќе биде да се повлечете во себе и да ѝ обрнете внимание на својата рецептивна природа. Што е она што ве мотивира сега?

БИК: Сега слободно ја користите сопствената волја и сила да им помогнете на другите. Успевате да направите прогрес, користејќи ја својата позиција. Пронаоѓате сигурност и идентификација без поседување на материјални средства – ги храбрите останатите великодушно да напредуваат.

БЛИЗНАЦИ: Дефинитивно ви е потребно воздржување – ќе има застои, како и потреба да ги разгледате своите планови внимателно. Доколку не успеете да ја вратите хармонијата денес, обидете се барем да постигнете баланс. Не дозволувајте си на конфузијата или немоќ сега.

РАК: Неколку аспекти укажуваат дека може да се соочите со интензивна борба која е мотивирана единствено од желбата за натпреварување. Најважно ќе биде да внимавате на комуникацијата меѓу двете страни. Доколку е потребно, побарајте помош или чекајте. Отпор.

ЛАВ: Транзитот на Месечината во Стрелец ќе го нагласи чистото, возвишено и грациозно влијание. Се интересирате за полето на едукација, знаење, мудрост и езотерични науки и со голема интуиција доаѓате до длабоки сознанија за мистериозните сили кои го движат светот.

ДЕВИЦА: Во периодот што е пред вас ќе бидете пратени од успех, но немојте поради својата тврдоглавост да ги избркате оние кои можат да ви помогнат најмногу. Сега вие понудете помош и покажете поголема толеранција и светот ќе се отвори во прекрасен дизајн. Награди и прогрес.

ВАГА: Марс од Водолија ве става во искушенија да се препуштите на плитко уживање во храна, пијалаци и сензуални задоволства. Не ѝ дозволувајте на суетата да ви ја расипе романсата, пријателствата или останатите блиски врски. Го добивате саканото, но дали е тоа вистинското?

СКОРПИЈА: Денешното депресивно расположение брзо ќе испари – не ги игнорирајте добрите и разумни совети од блиските и внимавајте што зборувате за нив. Ова е поволен ден за сите работи поврзани со уметноста и трговијата, а совет е да бидете смирени. Немојте да се лутите.

СТРЕЛЕЦ: Со Месечината во вашиот знак се соочувате со потреба за добра комуникација – внимавајте при тоа да имате такт и да ги земете во предвид емоциите на другите. Можно е да откриете нешто – предавство или болна вистина – имате доволно мудрост да се справите со сѐ.

ЈАРЕЦ: Неколку аспекти укажуваат на внатрешна блокада, затоа погледнете подобро во себе, отколку во другите сега. Застанете и размислете одново и ќе увидите дека надворешниот непријател е само ваша илузија. Не се обидувајте да доминирате со ситуацијата, повлечете се.

ВОДОЛИЈА: Марс во вашиот знак ви помага да го постигнете она кон што целите – ова е време да ги наполните своите батерии и да се освежите. Ако е потребно, повлечете се од тешките ситуации, но со интегритет, а не со слабост. Запамтете дека ништо не би можеле сами денес.

РИБИ: Неколкуте облаци на вашето лично небо ја прикриваат вистинската слика и некое партнерство завршува. Запамтете дека иако е така, тогаш тоа и не ви е потребно во оваа фаза на вашиот развој. Откажете се со радост од старото сега, за да можете да почнете нешто ново.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]