Хит-модно парче од Загреб до Њујорк: Северина и Џенифер Лопез носат ист кардиган од Гучи
Кардиганот на италијанската модна куќа, кој го обожаваат поп-ѕвездата Џенифер Лопез и богатата наследничка Петра Еклестон, ја освои и хрватската и регионална поп-ѕвезда Северина Којиќ.
Сплитската пејачка на Инстаграм објави фотографија на која од прозорец го гледа Загреб облечена само во плетениот кардиган на Гучи. Широкото плетиво со тигар на грбот веќе е хит на улиците во Њујорк и во Лос Анџелес. Во него, во секојдневните комбинации, прошетаа и Лопез и Еклестон.