Харадинај чека американска виза
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека не добил одговор на барањето за американска виза што го поднесе неговиот кабинет.
„Мојот кабинет поднесе барање за виза. Има повеќе настани во САД на кои сакам да присуствувам. Не добив одговор“, рече Харадинај.
Косовскиот премиер вели дека бил повикан на молитвен појадок и дека кога ќе добие виза ќе отпатува.
Косовската влада ги отфрли пишувањата дека на Харадинај му било одбиено барањето за виза, а шефот на неговиот кабинет призна дека доцна аплицирале за визата.