Харадинај: Српската полиција уапси двајца припадници на КБС
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека српската полиција на преминот Јариње уапсила двајца припадници на Косовските безбедносни сили (КБС).
Тој на својот Фејсбук профил напиша дека нивното приведување е неприфатливо и побара итно ослободување.
– Вакви случаи потсетуваат на режимот на Слободан Милошевиќ, кој веројатно и понатаму опстојува кај нашиот северен сосед, напиша Харадинај.