Харадинај доби американска виза откако одлучи да не го укине Специјалниот суд
Американската амбасада му издаде виза на косовскиот премер Рамуш Харадинај, веднаш откако се повлече од намерата за укинување на Специјалниот суд, потврдил добро информиран извор за весникот „Експрес“.
– За повлекувањето од намерата за укинување на Специјалниот суд премерот Рамуш Хараднај е награден со американска виза,за што неодамна беше одбиен, бидејќи не успеа да ги убеди странските амбасадори,кои предупредија на целосна изолација на Косово,доколку се укине Судот, наведува весникот.
Премиерот Харадинај во емисијата „Зона на конфликти” на Дојче веле изјави дека официјална Приштина ја поддржува работата на Специјалниот суд и неговото постоење не се доведува во прашање.
Таа изјава е целосно спротивна од претходните што тој ги даваше околу Специјалниот суд.Тој категорично тврдеше дека цврсто стои зад правото на пратениците за судот и оти за тоа нема да ги прашува странските амбасадори,кои пак редовно предупредуваа на серозните последици за Косово доколку дојде до укинување на судот.
Харадинај вчера доби британска виза,иако медиумите јавија дека по амерканската бил одбиен и од британската амбасада.