Хан в среда во Белград, ден по објавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ


Европскиот комесар за преговори за проширување и соседство Јоханес Хан на 7 и 8 февруари доаѓа во официјална посета на Србија.

Хан ќе го посети Белград само еден ден по објавувањето на новата Стратегија за проширување на Европската комисија за Западен Балкан, а по Белград на 9 февруари ќе ја посети Подгорица.

Се очекува комесарот Хан на властите на Србија и Црна Гора официјално да им го достави и престави документот на новата Стратегија на проширување на ЕУ.

Во Белград оценуваат дека посетата на Хан на Белград преставува признание и поддршка за Србија и за Црна Гора, кои Европската комисија ги препознава за лидери на евроинтеграциите во регионот и земји кои со Стратегијата ќе добијат перпектива за членство во ЕУ во 2025 год.

На 6 февруари шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан во Европскиот парламент ќе ја престават Стратегијата за прошрување за Западен Балкан, по што европските пратеници ќе одржат дебата.